Осуммина од повредените во нападот со нож во Саутпорт, Англија, се во критична состојба по напад со нож од страна на 17-годишник.



Шест деца и двајца возрасни повредени во вќерашниот напад со нож се во критична состојба, објави Би-Би-Си.

Лекарите се борат за животите на настраданите.

Во нападот загинаа две деца, а вкупно 11 се повредени. Нападот се случил за време на забава посветена на Тејлор Свифт.

Според полицијата, возрасните се повредени додека се обидувале да ги заштитат децата.

Мотивот за нападот засега останува нејасен.

Уапсен е 17-годишник од Кардиф, кој живее во близина на Саутпорт.