Европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев изјавил за БНТ дека Европската народна партија била информирана за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побарале да се иницира процедура за исклучување напартија од ЕНП,пенесува Дојче веле



„Мислам дека тие (ВМРО-ДПМНЕ – н.з.) на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес, партијата на Орбан. Тоа си е нивна желба и тие многу се оддалечуваат од вредностите на ЕНП и европската демократија“, оценил Ковачев.

Коментирајќи ги изјавите на македонскиот вицепремиер Александар Николоски за отсуството на македонско знаме на средбата Радев-Сиљановска, бугарскиот европратеник изразил увереност дека зборовите на Николоски биле координирани со Мицкоски.

„Се покажува јасна желба на сегашното раководство на Република *Македонија да не продолжи по патот на европската интеграција. Си бараат некаков изговор пред нивната јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот е, се разбира, со оцрнување на Бугарија“, оценил европратеникот.