Првата група германски војници пристигна во понеделникот во Литванија како дел од новата бригада која постојано ќе биде стационирана на источното крило на НАТО, пишува „Дојче веле“
ерманија формира воена база во Литванија со цел да ја одврати Русија од понатамошни напади на нејзините соседи. Базата треба да биде целосно оперативна со речиси 5.000 војници до 2027 година.
Тимот од околу 20 вработени ќе започне со поставување на базата, а на крајот ќе им се придружат околу 4.800 германски војници. Бригадата, која ќе го носи името 45-та тенковска бригада.
„Ова е прв пат трајно да стационираме таква единица надвор од Германија“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на прошталната церемонија во понеделникот во Берлин.






