Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел. Тој во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.
Во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица, а еден е повреден.
Денеска (14.05.2024) во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К.(57) и нејзиниот сопруг В.К.(64). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






