Четири дадени и исто толку примени голови во три средби во кои нашите претставници во првото коло од Лига Европа остварија две очекувани победи и еден, веројатно исто така очекуван пораз.
Шкендија во Струмица беше убедлива со Дачија Кишињев со 3-0. Стрелци за тетовци на стадионот “Младост” беа Бесарт Ибраими во седмата минута од пенал, Марјан Радески во 11. зголеми на 2:0, а истиот фудбалер во 75. го постави конечниот резултат. Реваншот е на 6. јули во Молдавија.
https://youtu.be/62-RQ_eoUGI
Работнички даде гол дури во финишот на средбата на Серавале стадионот во Сан Марино каде Тре Пене беше совладан со 1-0. Погодокот беше дело на Митрев во 90. минута по кој лесен делува реваншот следниот четврток на тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје.
Пелистер е единствениот поразен тим од нашите со тоа што и претходно се знаеше дека Лех Познањ беше голем фаворит. Полјаците тоа го потврдија со 4-0 во меч во кој стрелци беа Нилсен од пенал во 28., Шитум во 30. и 57. минута и Мајевски во 38. минута.
https://youtu.be/Qu28NRPHkRM




