Двајца македонски државјани се уапсени во Босна и Херцеговина како дел од деветчлена група од три земји обвинети за организиран криминал, перење пари и затајување данок преку две фирми, со што направиле штета од 175.000 евра.
Невзат Беровиќ, роден во 1977 година во Скопје, Џеват Беровиќ (1974) и уште седуммина од БиХ и од Србија во периодот од 2015 до 2017 година презеле низа незаконски дејства при увоз на текстилна стока од Турција. Тие правеле фиктивна документација заради избегнување сметководство и плаќање ДДВ, а со неа потоа незаконски оствариле поврат на ДДВ и на тој начин го оштетиле државниот буџет за 348.902 конвертибилни марки (1КМ = 0,5 евра).





