Двегодишнина од проектилот на Трајковски што ја уништи Италија во мундијалскиот бараж (ВИДЕО)

На 24 март 2022 година Александар Трајковски ја испиша една од најблескавите страници во фудбалската историја на Македонија, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот со Италија во Палермо во полуфиналето од разигрувањето за пласман на Светското првенство што во декември таа година се одржа во Катар.



Трајковски во втората минута од судиското надополнување на времето испрати вистински проектил од дваесетина метри кон голот на „аѕурите“, кој не успеа да го спаси Џанлуиџи Донарума, иако домашниот голман висок 199 см се испружи колку што е долг: