Металург загуби од Мотор со 30-22 во деветтиот круг во групата Д од Лигата на шампионите и ги намали шансите да се помести од претпоследното место кое може да имплицира проблеми за следната сезона при одредувањето на кандидатите за учество во најелитниот натпревар. Металург денеска во Скопје губеше со 1-5, 11-16, 13-22 и немаше никакви шанси да ги повтори нерешените 28-28 од првиот натпревар во Украина.

Пораз и тоа доста убедлив доживеа и нашата женска ракометна сениорска селекција на Трофејот Карпати. Избраничките на Симе Симевски загубија од домаќинот Романија со 31-18 што е безмалку исто како вчера кога трпевме од Бразил со 32-19. Утре на затворањето на мини ракометниот самит играме со Полска.

Единствената победа денеска ни ја овозможи Еурофарм Работник кој славеше и во реваншот од третата рунда во Челинџ купот. Битолчани славеа кај Гранитас Каунас со 29-23 што со домашните 28-24 прави сериозни 10 разлика што значи и шанса за продолжение во Европскиот куп и по нова година. Противникот ќе дојде од жрепката во вторник.




