Германскиот министер за економија Роберт Хабек се очекува во текот на денешниот ден да ја објави својата намера да се кандидира за канцелар во име на Партијата на зелените, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на изданието „Шпигел“.
Хабек (55), поранешен романсиер и филозоф, беше централна фигура во енергетската и климатската политика на Германија како министер за економија и заштита на климата.
Тој вчера се врати на социјалната мрежа Х, по петгодишна пауза, и објави кратко видео на кое се гледа како носи нараквица на која пишува „Ера на канцеларот“.
Германската владејачка коалиција се распадна вчера по долгогодишното оптоварување во трипартитниот сојуз меѓу социјалдемократите на Шолц дојде до спор околу економската и фискалната политика.
Падот на коалицијата го отвора патот за предвремени избори и предизвика политички хаос во најголемата европска економија откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД.
Запрашан дали Германија сè уште може да функционира, Хабек вчера рече: „Да, се разбира“. Сепак, тој додаде дека „немаме повеќе мнозинство во парламентот“.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер подоцна изјави дека е подготвен да го распушти парламентот и да го отвори патот за нови избори.
И опозицискиот лидер Фридрих Мерц, конзервативниот ривал на Олаф Шолц, е фаворит да стане нов канцелар по распадот на германската владејачка коалиција, ветувајќи промена надесно за миграцијата и враќање на традиционалните вредности.
На речиси 69-годишна возраст, тој веќе започна изборна кампања за предвремени избори, кои изгледаат неизбежни во Германија.
И се надева дека изборите ќе се одржат што поскоро.
Мерц во четвртокот го повика социјалдемократот Шолц парламентот да гласа за доверба на владата веќе следната недела и да не чека јануари.
Едноставно не можеме да си дозволиме неколку месеци да имаме влада без мнозинство“, изјави лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Во најновиот барометар на јавната телевизија ЗДФ, овој во голема мера несакан ветеран на политичката сцена доби 48 отсто поддршка за водечката најголема европска економија, наспроти 37 отсто поддршка за актуелниот канцелар.






