Екс премиерот Никола Груевски тврди дека Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР отворила досие со име „Македонски екстремизам и национализам“.
Лидерот на опозицијата во интервју за телевизијата Алфа изјави дека неговата партија има информации за отворање на досие кое има за цел да се гонат сите луѓе кои што си ја сакаат земјата и нема да дозволат промена на името и други цели кои што се противат на менување на македонскиот национален идентитет.
Според неговите зборови сега МВР го прислушува раководството на ВМРО – ДПМНЕ за да се уништи партијата но и секој што сака да ја зачува Македонија како унитарна држава. Вакви досиеа против македонскиот национализам се воделе само во СФРЈ, вели екс премиерот.
Според Груевски целта на Заев е да прифати се што бара Грција и да се промени името и на крајот македонскиот идентитет.





