Најблискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск смета дека треба да се стори нешто против кршењето на демократијата од страна на судството.
,,Треба да се направи нешто за да се запре повтореното и еклатантно кршење на демократијата од страна на судството.
Тоа им е очигледно на сите”, пишува Маск кој го води американскиот Оддел за владина ефикасност и е еден од најбогатите луѓе на светот.
Маск реагира на информацијата според која судиите на американските Окружни судови издале РЕКОРДНИ бројки на национални забрани против администрацијата на Трамп – драматична злоупотреба на судската власт.
Дел од американските конгресмени најавуваат дека ќе воведат законска регулатива за да престане оваа злоупотреба засекогаш.






