Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска во Скопје го дочекува Косово во средба од претквалификациите за Светското првенство и мора да слави за да остане во игра за првите две места на табелата во групата Ц. Тие водат во главните квалификации кои во моментов се доста далеку од нас, или ние од нив, зошто тргнавме со два пораза кои се резултатски тесни, но и јасно укажуваат дека промената на генерациите во нашата кошарка оди бавно, слабо, и без никакви гаранции дека ќе биде подобро.

Ако сакаме и размислуваме за такво нешто, за пласман во квалификациите, вечерва од 20. 30 во арената Борис Трајковски мора да го победиме Косово кој пред десет дена не совлада со 72-68, но мора да потенцираме, само затоа што ние бевме премногу лоши. Потребни ни се пет разлика за да бидеме подобри во евентуален круг, но за да дојдеме до него ќе треба да се исполнат и повеќе други услови. И денеска да славиме и в среда да победиме кај Естонија или пак, истата таа Естонија да слави во Косово на крајот од циклусот. Повеќе комбинации се можни, но за сите нив, вечерва мора да ја забележиме првата победа во овој кошаркарски август.





