Да не шириме бајки, нема европски пат за ниту една земја – тонч од најдобриот познавач на ЕУ за Балканот

Еден од најдобрите европски и германски познавачи на процесот на евроинтеграции Михаел Мартенс бара германските политичари да не шират бајки за влезот во ЕУ на земјите од Балканот.



Според Мартенс кој е дописник на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг за источна Европа не постои такво нешто како европски пат за ниту една земја од регионот: Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово или Босна и Херцеговина.

Одговарајќи му на шефот на комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг Михаел Рог кој ЕУ иднината на Црна Гора зависи од оддалечување од Вучиќ, Мартенс вели дека тоа е бајка.

,,Тоа би било точно доколку воопшто постои „европски пат“ (уметник порано познат како ЕУ перспектива).

Но, тоа не постои. Ниту со Вучиќ ниту без Вучиќ. Ниту за Србија ниту за Црна Гора. Или за која било друга земја. Подобро да не шириме бајки”, смета Мартенс кој тврди дека ЕУ нема намера наскоро да прими некоја земја од регионот во унијата.

https://x.com/Andric1961/status/1797155235938324647?t=zwGdIaP51P1fop6Mf_CfSA&s=19