Да не се чудиме зошто ЕУ и светот се однесуваат вака кон Македонија, порача професорката и кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова на дебата за меѓународните односи со екс претседателот Иванов.
Силјановска смета дека без домашен договор за сите теми не може да се постигне ништо добро во меѓународната политика.
,Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби!
Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас. Споредете вие кога ќе разговара со Макрон еден профил како Петков, а потоа кога ќе дојде некој профил како тие кои ја управуваат Македонија”, смета Силјановска.
Според неа односот надвор кон нас во најголема мера е однос кон оние со кои комуницираат странците.
,,Подобри од најдобрите треба да праќаме за уривање на предрасудите во однос на Балканот. Ако на тоа му додадете и културна и економска дипломатија тогаш односот кон Македонија ќе биде поинаков”, вели Силјановска.





