Да молиме Бога да нема пожари до Јули, СДСМ и ДУИ не оставија без пилоти за ,,Ер Тракторите”

Во наредниве 5 месеци до Јули кога најрано може да се реши проблемот на граѓаните им останува само да молат Бога да нема пожари затоа што со непланирање СДСМ и ДУИ ја оставија Македонија без пилоти за ,,Ер Тракторите”.



Порталот СДК објавува дека двајца од тројцата пилоти на авионите за гасење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) заминале во пензија. Со тоа, сега Дирекцијата има само еден пилот, а три авиони. Оглас за вработување не може да се објави бидејќи се распишани парламентарните избори и во предизборие не смее да се вршат нови вработувања во државните институции.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека проблемот ќе се реши после изборите, односно после 8 мај. Дотогаш, вели тој, нема опасност од шумски пожари и нема потреба да интервенираат „ер тракторите“, објави СДК.

Ако владата се формира на крајот на Јуни ќе бидат потребни неколку недели за конкурс и прием на нови пилоти.