Да и помогнеме на Ана да замине на операција во Германија

На 16-годишната Ана Радеска, ученичка во СУГС „Орце Николов“, ѝ е потребна помош од сите хумани луѓе, за да може да ја победи ретката болест Arnold-Chiari malformation.



Потребна е итна операција на мозокот во Бамберг, Германија, која чини 37.000 евра.

Семејството не е во можност да ги обезбеди овие средства, па апелираат до сите хумани луѓе, кои се во можност да им помогнат.

Начини на кои можете да помогнете:

Телефони за донации: А1 143 115, Телеком 143 479.

Трансакциска сметка:

Стопанска банка, Александра Радеска

IBAN: 100001580828877

SWIFT: STOBMK 2X

Можете да донирате и преку платформата ecrowd.mk.

Апели за помош веќе се споделуваат на социјалните мрежи, заедно со поддршка и надеж дека потребната сума за нашата млада Ана наскоро ќе бидат собрана.