Во Скопје денеска ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во источниот дел од Македонија.
Граѓаните ќе можат да донираат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.
Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.
Главниот координатор на КСОМ, Гоце Делчев Тодев, на вчерашната прес-конференција најави дека хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во источните делови на Македонија.






