Министерот за внатрешни работи во Србија, Ивица Дачиќ, очекува македонските власти да донесат одлука за екстрадиција на поранешниотприпадник на ОВК, Блерим Рамадани.



Вчера на Табановце, на средбата со својот македонски колега, Панче Тошковски, рече дека Србија има список со меѓународни потерници за припадниците на ОВК, кои се осомничени за воени злосторства на Косово во 97-99 година.

„…Врз основа на тие потерници, некои од нив се уапсени. Чекаме одлука за негова екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на с. Македонија“, рече Дачиќ.

Рамадани беше уапсен на 17 јули на граничниот пункт во Јажинце, врз основа на потерница издадена од Судот во Белград преку Интерпол Србија, а моментално се наоѓа во притвор во Скопје.

Ветерани на ОВК бараа ослободување на нивниот „другар по оружје“

По барање на Обвинителството за организиран криминал, на поранешниот припадник на ОВК му е одредена мерка екстрадиционен притвор од 30 дена./Телеграфи/