Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ на прашањето за изјавата на шефот на дипломатијата на Македонија, Бујар Османи, дека земјата ќе излезе од иницијативата Отворен Балкан и дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцид во Сребреница која ќе биде изгласана на 2 мај, изјави дека станува збор за предизборни изјави и дека е „многу интересно што претседателот на таа земја, Стево Пендаровски, не бил информиран дека Македонија ја поддржала резолуцијата за Сребреница“, пренесуваaт српските медиуми.
– Ако македонскиот претседател не знае дека Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница, што можам да ви кажам следно? Само прашувам дали тој (Бујар Османи) зборува во името на цела Македонија, македонскиот или албанскиот народ – одговори Дачиќ на новинарите по средбата со министерот за надворешни работи на Суринам, Алберт Рамдин.
Дачиќ во врска со резолуцијата оцени дека во Обединетите нации нема консензус за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.






