„Арбен Таравари не е во тек: предложува внесување на бугарското малцинство во уставот, но ова е гарантирано со францускиот предлог, кој го поддржа Алијансата за Албанците.“ – изјави за медиумите Илире Даути, потпретседателка на Алијансата за Албанците и пратеник во Парламентот. Нејзината изјава ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
„Алмакос“ пренесува: Илире Даути зборуваше за програмата на Арбен Таравари, поранешниот лидер на АА и сега самопрогласен како кандидат за претседател на државата. „Тој во својата програма предложува внесување на бугарското малцинство во уставот, но ова е гарантирано со францускиот предлог, кој АА го поддржа, и тоа е веќе прифатено од сите партии како главен услов за отворање на преговорите со ЕУ.“ – кажа Илире Даути.
Според неа, Таравари е поранешен претседател на АА, откако избега од конгресот на партијата, по што и неговото разрешување без сомнение било неодбежно.





