Џејкоб Мчангама, дански правник, експерт за човекови права, основач и директор на „Јустиција“, тинк-тенк од Копенхаген фокусиран на човековите права и на владеењето на правото, на „Твитер“ се повика на Демостен за потеклото на Филип Втори.
„Демостен, најголемиот говорник во антиката, за Филип Втори: ‘Тој не само што не е Грк, ниту поврзан со Грците, не е дури ни варварин од кое и да е место што може да се именува со чест, туку штетен измамник од Македонија, од каде што никогаш не било можно да се купи пристоен роб’“, твитна Мчангама.





