Данска одлучи да ја пренесе целата своја артилерија во Украина и изјави дека Европа има системи за противвоздушна одбрана кои треба да бидат префрлени во Украина.



Ова го изјави премиерката на Данска Мете Фредериксен за време на седмиот украински ручек на Минхенската безбедносна конференција.

„Мораме да бидеме способни да се одбраниме, а за тоа треба да и го дадеме на Украина тоа што ѝ треба сега… Украина од нас бара муниција сега, артилерија сега. Ние, Данска, решивме да ја дадеме целата артилерија што ја имаме“, рече Фредериксен.

Таа нагласи дека Европа има резерви на муниција и системи за противвоздушна одбрана кои треба да бидат префрлени во Украина.

„Имаме залихи на муниција во Европа, не е само прашање на производство, бидејќи имаме оружје, имаме муниција, имаме системи за противвоздушна одбрана кои се уште не ги користиме и кои треба да и ги дадеме на Украина“, додаде Фредериксен.