Данска најави ќе инвестира 1,5 милијарди долари во два нови инспекциски брода, два беспилотни летала и две патроли со кучешки санки, откако Трамп го повтори интересот за овој остров.
Претседателот на САД ги исмеа обидите на Данска да го одбрани островот Гренланд со дополнителни патроли, вклучително и две нови санки за кучиња.
„Верувам дека ќе го добиеме Гренланд бидејќи навистина има врска со слободата на светот. Тоа нема никаква врска со САД, освен што ние сме тие кои можеме да ја обезбедиме таа слобода. Тие (Данска) не можат. Пред две недели испратија два тима за кучиња и помислија дека тоа е заштита“, изјави Трамп.
Трамп верува оти САД сепак ќе го купат Гренланд од Данска, и покрај инсистирањето на државата дека нејзината прекуморска територија не е на продажба.
Дека работата станува сериозна покажа средбата на германскиот канцелар Олаф Шолц и данската премиерка Мете Фредериксен кои се сретнаа денеска во знак на солидарност откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повтори своите планови за Гренланд.
Ниту Шолц ниту Фредериксен директно не го спомнаа Трамп или автономната данска територија во нивните изјави пред новинарите во Берлин, но Шолц, откако зборуваше за војната во Украина, истакна дека „границите не смеат да се поместуваат со сила“, а потоа на англиски додаде: кого може да се однесува“.
Канцеларот рече дека „времето во кое живееме е предизвикувачко“ и бара силна Европа и НАТО и нагласи дека „Данска и Германија се силни партнери и блиски пријатели“.
Тој додаде дека двете земји гледаат на светот на сличен начин. „Свесни сме за важноста на безбедносната политика во денешно време и за вредноста што Европската унија ја има за нас“, рече Шолц.
„Нашиот континент Европа се заснова на идејата дека соработката, а не конфликтот, ќе доведе до мир, напредок и просперитет и да ја почитуваме таа идеја“, рече Фредериксен.
Трамп со години зборува за можен договор со Гренланд и им рече на новинарите во саботата дека верува дека САД „ќе го добијат Гренланд“, објаснувајќи дека на неговата земја тоа и е потребно за „меѓународната безбедност“.
Островот се наоѓа помеѓу САД и Европа, регион со зголемена стратешка вредност бидејќи топењето на арктичкиот мраз отвора нови морски патишта.
На средбата минатиот викенд нордиските лидери го истакнаа своето единство кога е во прашање одбраната, изјави претходно данскиот премиер, додавајќи дека на сите им е јасно колку е сериозна ситуацијата.






