Свегодишната Данка Илиќ наводно била жива откако двајца работници на српско претпријатие за Водовод“ ја удриле со автомобил.



Но, еден од осомничените излегол од автомобилот по несреќата и со голи раце го удавил детето пред да биде фрлено во дива депонија, дознава „Информер“.како што пренесува „Блиц“.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено, полицијата темелно ја чешла депонијата.

Во српските медиуми се појавија фотографии од Срѓан Јанковиќ (50) од селото Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор, кои признале дека со службеното возило ја убиле двегодишната Данка, по што Нејзиното тело го фрлиле на дива депонија.

Блиц пишува дека во службеното возило на Водовод биле откриени траги од крв, што овозможило да се утврди што се случило.

„Според планот за работа на компанијата, се знаело кој управувал со автомобилот во критичното време, а тоа е потврдено и со проверка на базните станици. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, вели изворот на Блиц.