Дамовски: Багро, кај гази Дурловски со дело и со љубов, вие ниту калта не сте!

Борис Дамовски преку својот профил на „Фејсбук“ ѝ се обрати на „баграта“ што „џавка“ против Игор Дурловски, со кој се еден од 36. обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.



„До: Административно октроираната субталентирана артишизоидна номенклатура подлизурковци кон ништото која џавка против Игор Дурловски. Драга багро, кај Тој гази со дело и со љубов, вие ниту калта не сте. Со презир, Јас“, стои на профилот на „Фејсбук“

Дамовски, Дурловски и Богдан Илиевски ја предводеа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во двоиполмесечните маршови низ триесетина македонски градови против Тиранска платформа, чија вкупна бројност во одредени денови достигнуваше 200.000 луѓе. На сите тројца им е изречен притвор, на Дамовски домашен, за настаните на 27 април.