Можно да има потреба од промена и на новата метална конструкција којашто како единствена „го преживеа“ пожарот во вторникотво кој ја пеплоса „Универзална сала“, пишува „Фактор“.



„Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција,тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали цврстината на материјалот не е нарушена.

Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција, рече еден од надзорниците на денечниот брифинг.

Треба да се направи и нов елаборат за тоа како да се извади стопениот челик, наместо да се демонтира како што било претходно предвидено.

Надзорниците велат дека од старата градба немало вредни предмети кои би изгореле во пожарот, бидејќи се што вредело било однесено во музеј. Увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го започнаа увидот на објектот на изгорената Универзалната сала…