Арбен Таравари, лидерот едното од двете крила во Алијансата за Албанците, денес во Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама. „Анонимни извори претходно најавија дека на состанокот ќе се разговара за најновите политички случувања во Македонија и односот меѓу албанските партии.“ – објави ТВ Алсат.
Телевизијата истакнува: „Рама во тоа време беше отворен критичар на обединувањето на албанската опозиција против ДУИ. Претходно, во 2016 година Рама беше посредник на Декларацијата на албанските политички партии во Скопје, со која беа преземени неколку обврски кои никогаш не беа реализирани. Посетата доаѓа кратко време по средбата на Таравари со албанскиот претседател Бајрам Бегај, на која се случи и ракување на Таравари и Ахмети се ракуваа, во време кога отворено се зборуваше за можен договор меѓу нив.“
Инаку, пред два дена претседателот на ДУИ Али Ахмети, преку објава на фејсбук му ја честиташе победата на премиерот на Албанија Еди Рама на изборите во оваа држава, одржани на 11 мај, со порака дека „братски го прегрнува“, оти ќе му го „чува грбот“ и дека ќе му го „отвора патот“ на кон евроиднината?!
Покрај другото, Ахмети во честитката му порача на Рама: „Еди, продолжи го патот кон интеграцијата, бидејќи му е потребна на регионот. Ме имаш мене зад тебе да ти го отворам патот и да ти го чувам грбот. Вие бевте покрај нас на секој чекор, дури и кога го направивме албанскиот како службен јазик, па и кога се согласивме за Коридорот 8 од Скопско до Тирана, што го прифативте без никакво двоумење, исто така и кога ја отстранивме границата меѓу нас, потоа за унифицираната азбука, и за сè друго за заедничкото добро и во функција на европската иднина.“
По денешната средба меѓу Таравари и Рама, земајќи ја предвид и „братската честитка“ на Ахмети до претседателот на албанската влада, се наметнуват неколку прашања: штом и Таравари и Ахмети разговараат со албанскиот премиер во врска со политички прашања во суверена Република Македонија, дали тие двајцата свесно и плански плански ги вмешуваат Албанија и Рама во внатрешните работи на Македонија?! Дали Таравари и Ахмети, кои најверојатно веќе имаат и постигнат договор за заедничко дејствување не само на локалните избори, пресметано ја подведуваат Република Македонија под влијание од Албанија? Дали можеби се „готви“ и „Тиранска платформа 3“, имајќи предвид дека ТВ Алсат објави оти „беше најавено пред денешната средба Таравари-Рама дека ќе се разговара не само за најновите политички случувања во Македонија, туку и за односот меѓу албанските партии“?!






