Дали идниот папа ќе биде – од Африка?

Кардиналот Питер Турксон од Гана во 2010 година изјави дека ниту тој, ниту веројатно Католичката црква, не се подготвени за тој да стане – папа.



Петнаесет години подоцна, по смртта на папата Франциск, неговото име циркулира во Ватикан заедно со имињата на други потенцијални африкански кандидати.

По смрта на Папата Франциско кој беше од Аргентина и прв поглавар на Католичката црква од Јужна Америка, на почетокот на мај се очекува конклавата да избере нов папа.

Досега само еден папа бил од Африканскиот континент – Папата Виктор I, кој ја водеше Црквата од 189 до 199 година, беше од Северна Африка.

Но на „Црниот континент“, католицизмот продолжува да цвета, а населението да расте, додека Европа станува сè посекуларна.

Со тоа и прашањето дали Црквата е подготвена за првиот „црн папа“ е повторно на маса.

Спменатиот Питер Турксон, кој потекнува од скромно семејство од десет деца, беше првиот свештеник од Гана кој стана кардинал во 2003 година. Тој помогна во спречувањето на насилството во неговата западноафриканска земја во 2008 година по спорните претседателски избори, а исто така имаше и високи позиции во Римската курија.

Тој неодамна ги бранеше правата на членовите на ЛГБТ+ заедницата во неговата земја, велејќи дека тие „не можат да бидат криминализирани затоа што не сториле кривично дело“.

Кардиналот Роберт Сара од Гвинеја исто така се споменува како потенцијален нов папа, но се чини дека тој се смета дека е неприфатлив бидејќи ги споредува хомосексуалноста, абортусот и „исламскиот фанатизам“ со нацистичката идеологија.

Друг можен кандидат, кардиналот Фридолин Амбонго од Демократска Република Конго, исто така се спротивстави на истополовите заедници.

За време на неговиот понтификат, папата Франциско го намали европското водство во Католичката црква.

Неговата посветеност да се осигури дека црковната хиерархија ја одразува „ситуацијата на теренот“ доведе до тоа африканските кардинали сега да сочинуваат 12 проценти од кардиналните избирачи, во споредба со осум проценти за време на претходната конклава.

Африка, дом на 20 проценти од 1,4 милијарди католици во светот, сепак е недоволно застапена на конклавата.

Според еден свештеник од Конго кој побарал да остане анонимен, постигнат е голем напредок, но постои причина зошто немало африкански папа 1.500 години.

„Дискриминацијата, дури и ако не е очигледна меѓу нашите европски браќа, останува реалност за која често не зборуваме“ – вели тој…

„Отсекогаш сме сакале африкански папа“, рече отец Пол Маџи, свештеник во нигериската престолнина Абуџа, иако тврди дека потеклото на папата не му е премногу важно.

„Не треба да мислиме дека на нас е ред (за папа)“ вели професорот Силвен Бадибанга, декан на теолошкиот факултет на Католичкиот универзитет во Конго, додавајќи: „На бог е ред“

Кардиналот Турксон, за кого се шпекулираше дури и пред конклавата во 2013 година кога беше избран Франциско, размислува исто и рече дека ќе стане првиот црн папа „ако е тоа Божја волја“. Индекс.хр