Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев, потврдија од Владата.
Дали оваа средба е, всушност, показател за добивање на толку бараната поддршка од некоја од големите сили за поттурнување на процесот на преговорите со Грција, кој токму сега влегува во критичната фаза, останува да видиме.
Експертската јавност, но и владини претставници, веќе извесно време повторуваат дека за успешно завршување на преговорите е неопходно да се добие јасна и недвосмислена помош од силен меѓународен играч, а Германија без никакво сомнение е еден од најважните во светот и прв во Европа.
Првата билатерална средба на Заев со Меркел се одржа во Трст во јули минатата година, на маргините од самитот „ЕУ – Западен Балкан“.





