Дали Еди Рама синоќа го означи Али Ахмети како „херој на албанскиот народ, кој ќе му треба и натаму, бидејќи патот е долг“?!

Во својата 50-минутна реч, поставена во видео-форма и на фејсбук, синоќа на четвртото издание на „Политичката академија“ „Арбен Џафери“ во Тирана албанскиот премиер Еди Рама истакна: „Денеска имав посебно задоволство да се сретнам со Али Ахмети во Тирана, така е секогаш кога тој доаѓа овде“. Потоа Рама се осврна на „најголемата база на УЧК и Тирана, како што беше тоа“, па потоа „потсети“ на „тешките времиња кога доаѓа историјата и она што вели албанската народна песна ‘Почнав војна, зедов пушка, излегов во планина да се борам за татковината против непријателот!’. Велејќи го ова, Рама за сето време го гледаше Али Ахмети… Нагласувајќи дека „секој народ има свои херои“, веднаш по овие зборови Рама му се обрати од говорницата директно на Али Ахмети, порачувајќи му пред сите присутни на „Политичката академија“: „Ахмети, јас посакувам ти да не паднеш никогаш херој, ти нам ќе ни требаш, бидејќи патот е и натаму долг!“ Оваа изјава на Рама ја пренесе и ТВ Топ ченел од Албанија. Дали албанскиот премиер Еди Рама синоќа го означи лидерот на ДУИ Али Ахмети „како херој на албанскиот народ, кој ќе му треба на тој народ, оти патот е и натаму долг“, или во контекст на „хероите што ги има и албанскиот народ“ „само“ го „посоветува“ „да не паѓа херој, оти и натаму ќе му биде потребен на албанскиот народ на долгиот пат“?!



Темата на „хероите и на албанскиот народ“ во продолжението на својот говор синоќа албанскиот премиер Рама ја поврза и со денешната седница на Уставниот суд на Република Македонија во врска со законот за јазиците. „Прашањето и темата на албанскиот јазик се внесува сега во несфатлив и необјаснив контекст во Уставниот суд на * Македонија. Јас не велам дека грешат лидерите, кои веруваат во уставните судови на другите земји. Но, мислам дека тоа што Албанците го стекнаа како граѓански права во * Македонија не е прашање на Уставниот суд, не е прашање на закони. Тоа не е во прашање на привремени волја на политичките партии. Албанскиот јазик е прашање, што помогна на извонреден начин да се одржи * Македонија заедно, но и да се негува духот на соживотот меѓу двата нејзини државотворни народа Македонците и Албанците.“ – посочи Рама.

Во овој контекст, како што објави локалниот информативен портал „Тетова сот“, Рама додаде: „Арбен Џафери поставил многу тежок камен-темелник на државата с. Македонија. Овој камен не треба да се чепка, не е добро да се прави тоа. Добро е тој камен да се чува чист и да биде референтна точка за Албанците и Македонците, како и за сите малцинства што живеат таму. Бидејќи тој камен обединува. Јас верувам во патот на интегрирањето на двата народа неповратно. “.