Дали ДУИ ќе ги повлече своите градоначалници од ЗЕЛС во рамки на планот за политичко-етничка дестабилизација на Македонија?!

„ДУИ размислува да ги повлече своите градоначалници од Заедницата на единици на локална самоуправа.“ дознава ТВ 21. Овој потег на ДУИ ја отвора дилемата: планира ли ДУИ да ја „испразни“ ЗЕЛС од „нивните албански општини“, за да потоа ги групира во рамки на планираната „поделба на Македонија на региони“ според моделите на кантонално-федеративниот принцип применет во Северна Ирска, Белгија, или во Швајцарија?!



ТВ 21 натаму пишува: „Тоа може да се направи, поради „злоупотреба на Заедницата на единици на локална самоуправа за политички цели од страна на актуелната власт“

„Се дознава дека „некои градоначалници, кои доаѓаат од редовите на Европскиот фронт, биле заобиколени и не биле повикани на координациите, што биле вршени во рамки на Заедницата на единици на локална самоуправа“. Ова ги револтирало и ги принудило „да покренат иницијатива за разгледување на нивното натамошно учество во Заедницата на единици на локална самоуправа“.

Инаку, ако ДУИ и навистина ги повлече своите градоначалници од ЗЕЛС, дали тоа ќе претставува почетна фаза од спроведувањето на нејзиниот план за есенска политичко-етничка и безбедносна дестабилизација на Македонија?! Дали „наоѓањето политичка злоупотреба на ЗЕЛС“ може да им биде поводот на Али Ахмети и неговите сопартијци да започнат со реализирање на нивната „платформа за легитимитетот“, кој им ја изготвил американскиот професор Пол Вилијамс, за да „да се вратат на власт“ како „единствен носител на политичкиот и изборниот легитимитет на Албанците во Македонија“?!

Индикативно е што ДУИ сега пројавува незадоволство околу функционирањето на ЗЕЛС и се заканува со потег на ниво на општини, кои, групирани како „територијална целина на единици на локална самоуправа со албанско мнозинско население,“ можат да бидат ставени токму во функција на планираната „поделба на Македонија на региони“ според моделите на кантонално-федеративниот принцип применет во Северна Ирска, Белгија, или во Шјвајцарија!