Дали државниот обвинител Коцевски сам лаже или бил излажан и доведен во заблуда од обвинителката Стефанова?

Дали државниот обвинител Љупчо Коцевски сам ја излажа јавноста или пак дозволил да биде излажан од обвинителката Лиле Стефанова за предмет врз кој вршела надзор по барање на формалниот шеф на сите македонски обвинители.



Коцевски во емисијата 360 Степени на МТВ одговорно тврди дека Лиле Стефанова не постапувала по предмет за кој подоцна вршела надзор по негов налог.

Сепак записник од судење кој го поседува expres.mk за еден од предметите по кои постапувало Вишото скопско јавно обвинителство за кои Коцевски бараше надзор, а кој државниот обвинител не го открива во емисијата, покажува дека Лиле Стефанова била и обвинител и ревизор во ист случај.

Законот не дозволува еден обвинител прво да води предмет а потоа да врши и ревизија на него.

Коцевски во интервјуто одговорно тврди дека Стефанова не го водела овој предмет и меѓу другото се повикува на нејзина изјава за тоа.

,,Истата екипа го правеше (надзор). Не се вршеле надзор на предмети кои тие ги работеле, тоа можам одговорно да го тврдам, и самите јавни обвинители и ги прашав и истите потврдија дека не е вршен надзор на предмети кои што …(ги работеле), изјави Коцевски за 360 степени.

Сепак еден од документите што ги поседува expres.mk од 2022 година покажува дека Стефанова заедно со уште еден обвинител од Обвинителството за организиран криминал и корупција е дел од записникот за предмет за кој зборува Коцевски а за кој подоцна вршела надзор.

Се работи за еден од четирите предмети што се под лупа на ревизијата на Коцевски, наводно затоа што вишото обвинителство ја повлекло жалбата и предметот запрел.

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, по наредбата од Коцевски за ревизија го спореше тоа што што обвинителката Лиле Стефанова од поранешното СЈО е дел од тимот што врши контрола во вишото обвинителство.

Зошто Коцевски вели дека во надзорот нема предмети на кои постапувала Стефанова претходно и дека нема судир на интерес е нејасно но и целосно неточно.

Без разлика дали Коцевски проверил самиот или и верувал на збор на Стефанова дека не била дел од предметот за кој вршела и ревизија во случајот се работи за сериозен пропуст на државниот обвинител кој има далекусежни последици по состојбата во обвинителството.

Доколку Коцевски самиот згрешил тој треба сам да се извини и да си преземе одговорност а доколку Стефанова го излажала својот шеф и со тоа го довела во заблуда постојат други механизми за санкција.

Доколку Коцевски ги видел предметите за кои барал надзор веднаш ќе видел дека Стефанова била обвинител во најмалку еден од нив и таа не ќе можела да го лаже.

Овој случај ја отвара и дилемата дали и колку пати предходно Стефанова ги лажела своите шефови за случаите кои ги водела.

Барањето на државниот обвинител Коцевски за ревизија на предмети во Скопското јавно обвинителство против двајца виши обвинители меѓу кои и Хајрулаху тргна откако двајцата обвинители го одбија неговото барање за запре прогонот за случајот ,,Бонуси на СЈО” каде обвинителите во тимот на Катица Јанева потрошиле милиони евра за дополнителни примања надвор од законот.

Меѓу овие обвинители е и Лиле Стефанова.

Откако обвинителите Хајрулаху и Јове Цветановски одбија да го запрат предметот тие самите станаа предмет на административен прогон од државниот обвинител Коцевски.

Ревизијата им ја правеше Стефанова која е една од обвинителите кои се дел од истрага за случајот Бонуси на СЈО.

Целото интервју со Коцевски

Најчитани статии

Луѓе од врвот на светската наука, олимписки медалисти, почитувани во јавноста

Врвни научници, уметници и спортисти во комисијата за одликување на претседателката Сиљановска Давкова