Дали денешниот “петок 31” ќе биде “петок 13” за маркетите

Бојкотот на маркетите оради неподносливо високите цени на производите (пред се’ прехранбените) кој започна во Хрватска и се прошири во некои од бившите југо-републики, за денеска е најавен и во Македонија.



Граѓаните преку социјалните мрежи повикуваат на бојкот, а преку анкети се изјаснуваат деканема да влегуваат во маркетите револтирани од нивното профитирање во услови на економска нестабилност, удирајќи врз грбот на граѓаните.

Денешниот бојкот е само аларм, порака за трговците, кои енормно ги зголемија цените, но и за власта, која треба да делува, се вели во дел од пораките.

Оние граѓани со минимални плати веќе подолго време „бојкотираат“ супермаркети. Пазарат само тоа што им е неопходно, објави РСЕ.

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека вредноста на минималната потрошувачка кошница за јануари изнесува 63.252 денари. Или, за една година поскапела за 6.000 денари, ако се спореди со јануари минатата година.
Минималната плата во Македонија е 22.567 денари (367 евра).

Ако двајца возрасни во семејството земаат минимална плата, тие можат да купат едвај половина од основните производи. Според статистиката, ќе им недостигаат уште 18.000 денари за да го да го „протуркаат“ месецот.

Дали бојкотот ќе вроди со плод или нов инат од страна на маркетите да ги зголемат цените – ќе се види во наредниот период.

Економските аналитичари, сметаат дека ова може да биде начин за намалување на цените. За поголеми ефекти велат треба да трае подолго од еден ден. Мерки и инспекции најави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, ќе се проверува дали оправдано цените достигнуваат енормен раст.

Бојкот на маркетите „Да“, но граѓаните сметаат дека еден ден е малку