Дали граѓаните пиеле млеко со по здравје опасните афлатоксини е прашањето што ја мачи јавноста откако вчера техничкиот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа откри дека повеќе од еден месец не добил соодветен извештај од Агенцијата за храна и ветерина.
Трипуновски објави дека цел месец чека извештај дека Агенцијата за храна и ветерина ги уништила или ги вратила сите количини на опасното по здравје млеко кое содржело супстанца Афлатоксин која има тешки последици по здравјето на граѓаните ако се користи.

Фактот што Агенцијата за храна и ветерина не дава докази дека млекото е уништено или вратено од каде што дошло е причина за постоење сомнеж дека тоа и покрај отровните супстанци што ги содржи сепак завршило во продавниците.
Трипуновски во Заспиј ако можеш зборуваше и за домати и краставици кои биле увезени од Албанија а содржеле високо ниво на пестициди.
Целата емисија






