Дали ако стане Таравари „албански претседател“ ќе даде поддршка да се институционализира паралелната „Албанска академија“ во Тетово?!

„Кандидатот за претседател од албанската опозициска коалиција ‘Вреди’ Арбен Таравари, придружуван од претседателот на Движењето Беса Билал Касами, денеска се сретна со членовите на Академијата на Албанците за наука и уметност со седиште во Тетово.“објави весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ пишува: „Таравари ги претстави приоритетите на неговата претседателска платформа, поврзани со науката, особено зголемување на инвестициите во науката. Арбен Таравари и Билал Касами истакнаа дека со доаѓањето на власт на коалицијата ‘Вреди’ новата влада приоритет ќе им даде приоритет на независноста на универзитетите и зголемување на квалитетот на образованието на сите рамништа. Од Академијата на Албанците за наука и уметност ја нагласија големата потреба за зголемување на поддршката за науката и на нивното барање да се институционализира оваа академија.“   

Оваа средба на Таравари како кандидат за „прв албански претседател на * Македонија“, но и на Касами, отвора повеќе дилеми. Кои се, всушност, пораката и значењето на средбата на Таравари и Касами со оваа така наречена „Албанска академија за наука и уметност“ во Тетово, во западниот дел на територијата на се уште унитарната држава Македонија? Бидејќи, академиите на науки и уметности во која било држава претставуваат еден од столбовите на односната држава, во која постојат, а и од таа причина само односната држава ги основа, како што е и случајот со Македонската академија на науки и уметности и Република Македонија.

Имајќи го предвид ова, дали Арбен Таравари и Билал Касами онака „случајно“ се сретнаа, заради партиска пропаганда, со членовите на „Албанската академија за наука и уметност“? Дали е „случајно“ што е нејзиното „седиште“ токму во Тетово? Дали, исто така, случајно“, што „албанските академици“ побарале од кандидатот за „прв албански претседател на *Македонија“ „голема поддршка“ за  нивното барање „да се институционализира Албанската академија“ во Тетово?

Дали ако и кога Арбен Таравари би станал претседател на државата со седиште во Скопје би се решил да придонесе кон втемелувањето на „Албанската академија за наука и уметност“ со седиште во Тетово, во другиот „ентитет“ во „територијално реорганизираната“ Македонија, што е негово ланско навестување од лани?!