Албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку се извини за навредите , но не ги спомна Србите и Македонците на чија адреса беа упатени по ремито со Хрватска на Европското првенство.



„Е..ш Македонци“, извикуваше на мегафон 26-годишниот играч, додека го „водеше“ навивањето на навивачите.

Даку се најде на удар на јавноста, побарана е реакција и казна од УЕФА, па веројатно затоа јавно се огласи и се извини.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои не поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото „Албанија без границите“, напиша Даку на Инстаграм.

Во своето извинување Даку не наведува конкретно дека се извинува кон Македонците, туку кон се извинува кон оние кои се почувствувале навредено.

Јавно извинување од Даку побара и Фудбалската Федерација на Македонија.