Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова со аргументи се спротивстави на тврдењето на министерот Бугар Османи кој се закани дека идната влда мора да биде одобрена од две мнозинства: победникот со најмногу освоени гласови но и од бадентеровото мнозинство алудирајќи притоа дека идна влада нема да има без ДУИ.



„На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации коа се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти.

Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.