Ужасна трагедија се случила попладнево во скопско во која се уште не се знае судбината на четири лица, родители со сонот и снаата.
Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.
На местото на настанот денеска е Јавен обвинител, како и екипа на единицата Тигри и нуркачи која прави обиди да го извади возилото од реката, заедно со четирите исчезнати лица.
Во меѓувреме, на Клиниката за детска хирургија е донесено дете од фамилијата која настрадала во несреќата, кое според докторите е надвор од животна опасност.
Тоа е спасено од локални минувачи.
Поврзана содржина
А во Тетовско друга трагедија






