Светските лидери реагираат на синоќешниот „одмазнички“ напад на Иран врз Израел по неодамнешното израелското бомбардирање на ирански конзулат во Сирија, во кој загинаа 12 лица.
Генерелниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со порака на социјалните мрежи предупреди дека светот не може да издржи уште една војна.
Иран лансираше десетици беспилотни летала кон Израел во саботата, соопшти израелската војска, напад што предизвика голема ескалација меѓу регионалните непријатели, при што САД ветија дека ќе го поддржат Израел.
Како одговор, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата вети дека неговата земја ќе постигне победа откако војската соопшти дека ги соборила речиси сите над 300 беспилотни летала и проектили лансирани од Иран во острата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Иран го предупреди Израел за поголема акција на негова територија доколку возврати на нападот со беспилотни летала и ракети на Техеран во текот на ноќта во неделата.
Воедно Техеран го предупреди Вашингтон да не поддржува израелска воена акција.
I strongly condemn the serious escalation represented by the large-scale attack launched on Israel by Iran.
I call for an immediate cessation of these hostilities.
Neither the region nor the world can afford another war. https://t.co/Kmbt3zWMw7
— António Guterres (@antonioguterres) April 14, 2024






