Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го обвини Израел дека шири дезинформации за него:



„Многу пати слушнав како тврдат дека никогаш не сум го нападнал Хамас, дека никогаш не сум го осудил Хамас, дека сум поддржувач на Хамас“, рече Гутереш на прес-конференциј без да го именува Израел.

„Го осудив Хамас 102 пати, 51 од нив во официјални говори, а останатите на различни социјални платформи“, рече тој. „Вистината секогаш победува на крајот“, додаде тој.

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, рече дека обвинувањата на Гутереш се „празни зборови во споредба со неговите постапки“.

„Неговата единствена цел е да му помогне на Хамас да ја надмине оваа војна. Сметаме дека е презирно што генералниот секретар одбива да се придржува до стандардите на ОН и дава искривена слика за настаните на теренот“, рече Ердан.

„Антонио Гутереш е соучесник на теророт и треба да поднесе оставка денеска“, побара израелскиот амбасадор.

Односите меѓу ОН и Израел долго време беа затегнати, а за време на војната меѓу Израел и Хамас тие само се влошија.