Членот на Централниот Одбор на СДСМ, Аднан Џафероски, реагира на партиските избори за лидер на СДСМ.
Функционер на СДСМ има сомнеж за бројот на партиското членство според екс генералниот секретар Љупчо Николовски.
,,Како што впрочем повеќепати јавно зборував околу реалната бројка на членови на СДСМ, односно околу 15.000, плус минс 1000..
Но се чудам сега каде ли исчезнаа на Љупчета Николовски големиот ГЕН-СЕК тие останатите фамозни 70.000 членови на СДСМ ????
Нели се чаталеше со бројка од преку 85.000 членови ?!
Дири и Лабуристите во Англија да ни позавидат кои како партија во држава од преку 70 милиони граѓани, не можат ни да сонуваат толкаво членство.
Гукни сега Љупче..!? Кажи нешто.!
Или како и секогаш како некој давај*аз (по прилепски) ќе се криеш и ќе кажеш; “мене не ме интересира, не сум јас веќе Секретар” !?, напиша Џафероски на фејсбук.






