Грчки професор „виде“ 40 отсто Албанци и 250.000 Грци во Македонија

Во интензивната општествена дебата во Грција во однос на спорот со Македонија се вклучи и Атанасиос Ангелопулос, професор на Универзитет „Аристотел“ од Солун, со „крунски доказ“ зошто соседот нема право на името со кое се идентификува.



„Албанскиот елемент претставува 40 проценти од жителите на државата, а 90 отсто во Тетово и во Дебар, како и во деловите на запад до границата со Косово. Албанците тука кажуваат urbi et orbi (на сите и секому) дека нивната татковина не е ‘Македонија’, туку Илирија. Тие потекнуваат од древната Илирија. Тие се најстарите Словени овде. Славомакедонци и Албаноилири се двата конститутивни народа на државата“, вели Ангелопулос во својата мега анализа на проблемот што неговата земја го има со името на македонската држава.

„Секако, има и други помали малцински групи, како што се Власите (Грковласи кај нас), турските муслимани, Србите, Бугарите, Ромите и Грците. Глигоров за Грците конкретно изјави дека тие се околу 250.000. Оттука прашањето како терминолошки ќе бидат претставени во новото име на државата, особено Славомакедонците и Албаноилирите, заради стабилноста на државата, добрите меѓусоседски односи, всушност, заради членството во НАТО и во Европска унија?“, прашува тој.