„Некои во оваа земја се чувствуваат поврзани со историјата на чудесно заостанат начин. Остануваат заробени во минатото и не разбираат дека светот се развива понатаму“, изјави грчкиот политолог Лефтерис Кусулис за „Дојче веле“ во врска со утрешниот митинг во Атина против тоа зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед на Грција.
Кусулис смета дека во сржта на протестот се националистички пориви, но и дека него „на најразличен начин го поддржуваат многу луѓе и различно го интерпретираат – да речеме, како средство за протестирање против вкупната политика на Владата.





