Дел од „тајното оружје“ кое грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го најави во Вашингтон како одговор на, според него, непочитувањето на Преспанскиот договор е да ги замрзне следните поглавја во преговорите на Македонија со ЕУ, а можна е и блокада на користењето на ЕУ фондовите.
Мицотакис со закана: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина
„Економското гушење што ќе биде предизвикано на соседната земја доколку Грција ја повлече рачната кочница на фондовите на ЕУ кои би биле насочени кон Скопје, веројатно не е нешто од помало значење “, пишува грчки „Капитал“.
Министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис вчера одржа брифинг за надворешнополитички прашања пред политичките лидери и претставници на парламентарните партии, на кој една од темите биле и односите со Македонија, но не се соопштуваат детали од разговорите..






