Група луѓе со црвени знамиња нападнаа Украинци за време на церемонијата на комеморација на жртвите на ‘Холодомор’, една од најголемите трагедии во Украина предизвикани во 30-тите години од минатиот век по наредба на тогашниот советски лидер Сталин.
Вчерашниот инциден се случил во грчкиот град Мандра, каде што е поставен споменик на Тарас Шевченко, изјави свештеникот на украинската црковна општина „Свети Никола“ во Грција, Игор Посоленик.
„За време на мирниот настан посветен на Меморијалниот ден на ‘Холодоморот’ во Украина, група агресивни лица кои носеа комунистички знамиња и слогани ги нападнаа Украинците, вклучително и значителен број жени и деца од украинските училишта и здруженија“, напиша тој на својот Фејсбук.
Според него, напаѓачите со комунистички симболи го блокирале пристапот до споменикот и „посегнале на агресивни дејствија“, особено на навреди и закани. Од напаѓачите е повреден неименуван дипломат од украинската амбасада.
Очевидци посочија дека само интервенцијата на грчката полиција ја спречила трагедијата.






