Покрај весникот „Вечерни Новости“ кој пред три дена ја отвори аферата за наводниот план со кој Албанци облечени во српски унифирми требале да влезат на македонска територија, во последната пропагандна кампања насочена против стабилноста на Македонија се вклучени и грчки испостави во Србија.
Ако донекаде е разбирливо што приказната на Новости ја пренесоа српските таблоиди и медиуми блиски на српската влада и претседателот Вучиќ, за аналитичарите нејасно е зошто сторијата темелно ја следеше и телевизијата и сајтот Б92 кои важат за професионални и независни медиуми кои што не се согласлуваат со српските власти и редовно ги критикуваат за нивните погрешни чекори.
Б92 информираше и за веста на рускиот државен интернет портал Спутник според кој премиерот Заев во Подгорица на потпретседателот на САД Мајк Пенс му понудил неколку предлози за промена на името и побарал поддршка за спроведување на референдум.
Тајната зошто Б92 и ТВ Прва информираат за руските сомнителни и непроверени информации како и за аферата „Албанци во српски униформи на македонска територија“ е во фактот што сопственик на овие медиуми од пред 4 години е кипарската фирма “Astonko holdings limited”.
Оваа компанија регистрирана на Кипар во 2010 година има блиски врски со кипарската но и грчката влада и на српскиот медиумски пазар влегла со охрабрување на властите во Атина.
Невообичаеното однесување на српските медиуми во сопственост на кипарската фирма кои објавуваат непроверени информации се објаснува со грчкиот интерес во периодот кога Грција се очекува да биде под силен притисок на САД и ЕУ за постигнување на договор за името, да се создаде хаос во Македонија со што нејзината преговарачка позиција ќе биде отежната.
Тезите на Грција се дека земја која што има сериозни внатрешни проблеми и отворен конфликт со сосед, во случајот за кој пишува Вечерни Новости тој сосед е Србија, не може да стане членка на НАТО.





