Ставрос Маврудеас, професор по политичка економија на Универзитет „Македонија“ во Солун, вели дека е голем песимист во врска со македонско-грчкиот спор за името и очекува тензии на Балканот поради „многу агресивниот притисок на САД“ за решение.
„Има различни сценарија за ова. Пробив диктиран од САД би предизвикал само повеќе тензии поради нивниот многу силен притисок за постигнување договор, каков и да е. Во ова сценарио, сценарио на САД, луѓето би биле оштетени и во ПЈРМ и во Грција. ПЈРМ би била вовлечена во НАТО и конфликтите и дестабилизацијата на Балканот би продолжиле. Другото сценарио би бил договор надвор од НАТО меѓу двете земји според интересите на двете страни. Додека САД нормално аргументираат дека сакаат да го стабилизираат регионот, во реалноста тие го дестабилизираат. Јас сум многу песимистичен, мислам дека САД ќе притиснат многу агресивно и тоа ќе креира повеќе тензии и повеќе дестабилизација и болка на Балканот“, изјави Маврудеас за радиото „Спутник“.
Објаснувајќи го т.н. македонско прашање, експертот од Солун повторно ги посочува САД.
„Македонското прашање е конфликт со две страни. Македонија е географска област со долга популациска промена. Во времето на Отоманското царство во почетокот на 20 век таа беше населена од Грци, Словени, Бугари, Албанци и други. По распадот на Југославија се вклучија големите играчи во ова прашање САД и Европска унија. САД по дезинтеграцијата на Југославија има политика на фрагментација на Балканот во мали држави што можат да бидат манипулирани од нив, а исто така сака да ги извлече од согледаните руска закана и руско влијание. На пример, САД ја создадоа државата Косово и една од најголемите бази на САД е точно на границата на Косово со ПЈРМ“, објаснува Маврудеас.





