Дректорот на Канцеларијата за односи со јавност и медиуми на грчкиот премиер, Панос Амирас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ вели дека не е планирана средба на премиерите Кирјакос Мицотакис и Христијан Мицкоски, јави дописничката на МИА од Атина.



Но тој уверува дека грчкиот премиер ќе го покренел прашањето за „прекршувањето на Договорот од Преспа од соседната земја.

Пентагон бара Атина и Скопје да го остават спорот „надвор од НАТО“

„Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја.

Не знам за некоја планирана средба со премиерот на с.Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна“, рече Амирас.

Пред заминувањето за Вашингтон премиерот Мицкоски, во однос на евентуалната средба со неговиот грчки колега, изрази надеж дека доколку се случи тоа, „ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи“.