В недела на 23 јули грчката дијаспора од целиот свет се собира во Солун, „главниот град на Македонија“, да се договори за идните чекори кои што треба да го спасат „Македонскиот идентитет“ кој што е во опасност од „Словените“ во „ФИРОМ“.
Ова го најавуваат грчките организации во САД, Австралија и Европа чии претставници во Солун ќе упатат порака до сите грчки партии особено до премиерот Ципрас дека грчко – македонскиот идентитет е во опасност и дека не смее да се дозволи негов пораз поради притисок од САД и ЕУ.
Според Нина Гацулис, претседател на Панмакедонската диајспора изборот на нова влада во Скопје значи дека на Балканот дуваат нови ветришта а премиерот Заев е искрен човек кој владата ја води со умерен стил. Сепак Грците низ светот ќе се соберат во Солун за да го одбранат името Македонија кое што е стожер на грчката дијаспора и грчкиот национален идентитет.





