„Ништо не чини да се тргне споменикот ‘Воин на коњ’ од плоштадот. Потребни се само камион со кран и четворица работници за да го отшрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општество, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“, изјави архитектот и најгласен противник на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев.



Според некогашниот градоначалник на скопската општина Центар, на споменикот „Воин на коњ“ не му преостанувало ништо друго освен уривање, а „Скопје 2014“ морало да се третира како „природна непогода“, односно како „општествено-политичка катастрофа“.